Главни јадења

Кесадиља со пилешко месо, на мој начин

Кесадиља со пилешко месо, спремена со запржено пилешко месо, свеж зеленчук и рендан кашкавал, запечена во тортиљи со спанаќ. Сервирана со доматен сос со свеж босилек.

Време
30 мин
Порции
3
Тежина
Средно
K
Katerina Naskova
Пред 6 часа47 рецепти

Состојки

за 3 порции

13
  • 4 цели тортиљи со спанаќ
  • 550 грама бело пилешко месо
  • 2 лажици масло
  • 1 поголемо црвена пиперка
  • 1 среден морков
  • 1 главица кромид
  • 1 мало парче црвен домат без семки
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • Чили по вкус
  • 1 лажиче сенф
  • 150 грама рендан кашкавал
  • Доматен сос со босилек по потреба

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

На загреано масло го запржуваме сецкано пилешко месо, приближно на исти коцки. Зачинуваме со сол, бибер, чили и сенф. Од кога ќе почне благо да заруменува, го тргаме на кратко во посебна чинија.

2
Чекор

Во истата маснотија го запржуваме ситно сецканиот кромид, па додаваме ситно сецкан морков, па сецкана пиперка. Промешуваме, па го додаваме сецканиот црвен домат и го враќаме месото во садот. Готвиме заедно уште неколку минути, да се спојат вкусовите. Тргаме од оган.

3
Чекор

На секоја половина тортиља ставаме рендан кашкавал. Врз него ставаме од подготвеното месо. По желба ставаме малку кашкавал. Поклопуваме.

4
Чекор

Ги запекуваме во загреана тава на умерен оган, колку да се загреат тортиљите, а кашкавалот да се опушти, од двете страни.

5
Чекор

Сервираме на даска со прилог од доматен сос со свеж босилек.

Остави коментар