Летна манџа од ролован црн домат, полнет со мелено месо и сирење
Главни јадења

Летна манџа од ролован црн домат, полнет со мелено месо и сирење

Летна манџа од ролован црн домат полнет со мешано мелено месо, ориз, сирење и зачини. Вкусно и декоративно јадење

Време
1 ч
Порции
2
Тежина
Средно
5.0(1)
Лето
K
Katerina Naskova
10 јуни 202628 рецепти

Состојки

за 2 порции

17
  • 1 цело поголем црн домат
  • Свеж босилек по вкус

Масло за пржење

  • Масло по потреба

Брашно ако има потреба

  • Брашно по потреба

Полнење

  • 300 грама мешано мелено месо
  • 1 парче мала главичка кромид
  • 1 парче морков
  • Масло по вкус
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • Зачин по вкус
  • Магдонос по вкус
  • Црвен пипер по вкус
  • 40 грама ориз
  • 100 грама бело сирење
  • 1 парче поголем црвен домат
  • 50 милилитри вода

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Црниот домат убаво го миеме. Со помош на алатка го сечиме на танки ленти.

2
Чекор

Во тава загреваме масло. Ако користите леплива тава, може многу нежно кришките црн домат да се извалкаат во малку брашно. Ги пржиме од двете страни, само благо да заруменат, да може да се виткаат.

3
Чекор

На загреано масло ги запржуваме кромидот и морковот. Го додаваме и меленото месо, убаво пржиме, со вилушка го растресуваме месото, да нема топки.

4
Чекор

Во загреана вода го ставаме оризот да се вари, до половина, нека биде ал денте. Го процедуваме и го додаваме кај меленото месо. Додаваме свеж магдонос и црвен пипер. Убаво соединуваме.

5
Чекор

Ставаме лист запржен црн домат, полна лажица од филот со мелено месо и парче сирење. Виткаме како ролатче.

6
Чекор

Дното на ватростален сад го постиламе со кришки црвен домат излупен. Врз него ги редиме ролованите црни домати.

7
Чекор

На секое ролатче ставаме кришка црвен домат и расфрламе свеж босилек. Ставаме многу малку вода, покриваме со капак и печиме во загреана рерна околу 30 минути.

Остави коментар