На загреано маслиново масло, на тивок оган го ставаме ситно сецканиот кромид да се запржи. Додаваме рендан морков, рендан целер и рендана тиквичка. Пржиме со повремено промешување.
Летна паста со тиквичка
Летна паста со спирални тестенини и свеж сос од рендана тиквичка, морков и целер, зачинена со печена пиперка и ароматични билки. Сервирана со магдонос и пармезан
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 2 порции
- 300 грама спирални тестенини
- Вода по потреба
- Магдонос по потреба
- Пармиџано сирење по потреба
- 1,2 лажици маслиново масло
сос
- Сол по вкус
- 1 мала главица кромид
- 1 цело морков
- 1 средна тиквичка
- 1 парче целер
- 1 парче печена пиперка
- 1 лажиче оригано или мајчина душичка
- Бибер по вкус
Подготовка
8 Чекори
Штом е зготвен зеленчукот зачинуваме со сол и бибер, додаваме сецкана печена пиперка и оригано или мајчина душичка.
Во меѓувреме ја вариме тестенината во посолена вода.
Една минута пред да е готова тестенината ја тргаме од оган.
Кај сосот додаваме околу 1 неполна кутлача од водата во која се вареа спиралите.
Ја додаваме процедената тестенина во сосот и се заедно оставме да крчка уште 30 секунди.
Сервираме во чинии, по краевите посипуваме сецкан магдонос, а во средината рендаме пармезан.
По желба врз пармиџаното може да се стави 1 лажица кисела павлака.