Измиеното парче месо го сечиме на траки, па на коцки. Ставаме сол, бибер, зачин, промешуваме и оставаме да отстои во фрижидер 1 час.

Сочно свинско месо, со летен зеленчук
Сочно свинско месо со летен зеленчук - домати, пиперки и кромид, готвено во сопствениот сок со маслинско масло и свеж магдонос. Вкусно јадење со богат вкус и нежна текстура на месото.
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
- 600 грама свинска удина
- 1 лажиче свинска маст
- 3,4 лажици масло
- 2 цели зелени пиперки
- 1 цело лута пиперка
- 2 средни црвени домати
- 1 поголема главица кромид
- 0 по вкус свеж магдонос
- 0 по вкус сол
- 0 по вкус бибер
- 0 по вкус зачин
- 200 милилитри вода
Подготовка
7 Чекори
Во тава загреваме масло на умерен оган и го ставаме месото. Пржиме 10-15 минути во сопствениот сок и промешуваме, пржиме додека месото не добие румена боја.
Додаваме вода, околу 200 мл, и на тој начин ја деглазираме тавата. Покриваме со капак и оставаме на тивко да си крчка околу 1 час. По потреба, ако месото не е готово, додаваме уште 100 мл вода.
Кога месото си останало на маснотијата го тргаме во сад на страна. Во истата маснотија го пржиме сецканиот кромид.
Од како ќе застакли ги додаваме сецканите пиперки. Пржиме заедно 5-6 минути со повремено промешување.
Го додаваме месото, па излупените и исецкани домати. Соединуваме убаво и крчкаме се заедно околу 20-30 минути, се додека не си остани ручекот на мрсното, но сепак треба да биде сочен.
Додаваме свеж, сецкан магдонос. Соединуваме и сервираме.