Колачи

Бомбици од пченица, посни

Посни бомбици од пченица со мелени лешници,бисквити,ароматични зачини

Време
30 мин
Порции
10
Тежина
Лесно
Посно
K
Katerina Naskova
Пред 1 час39 рецепти

Состојки

за 10 порции

10
  • 200 грама пченица
  • 150 грама мелени лешници или ореви
  • 50 грама посни, мелени бисквити
  • 1 цело кора од портокал
  • Сок од портокал по потреба
  • 2,3 големи лажици шеќер во прав
  • Ванила по желба
  • Цимет по желба
  • Морско оревче по желба
  • Мелени лешници за валкање по желба

Подготовка

6 Чекори

1
Чекор

Прво пченицата ја требиме, па миеме и ја ставаме во тенџере со вода на оган да се свари.

2
Чекор

Штом е готова, ја ставаме во цедалка, убаво да се исцеди. По потреба може да се стави да отстои во чиста платнена крпа. Сега може целосно да се испасира или пак делимично. Некои ја сакаат и мелена.Јас грубо ја пасирам.

3
Чекор

Во вангличка се ставаат пченицата, шеќерот во прав, тостираните и мелени лешници, бисквитите, кората од портокал и зачините.

4
Чекор

Се меси со рака, а при тоа се додава сок од портокал, за да се добие смеса која лесно ќе се формира во бомбици.

5
Чекор

По желба се валкаат во орев или лешник.

6
Чекор

Сервираме и дегустираме.

Остави коментар