Колачи

Бомбици со маскарпоне и нутела

Бомбици со маскарпоне, нутела, мелени лешници и овесни снегулки, обложени со растопено чоколадо.

Време
30 мин
Порции
20
Тежина
Средно
K
Katerina Naskova
Пред 1 час52 рецепти

Состојки

за 20 порции

7
  • 100 грама нутела
  • 30 грама путер
  • 40 грама шеќер во прав
  • 70 грама маскарпоне
  • 60 грама мелени тостирани лешници
  • 30 грама мелени овесни снегулки
  • 70 грама мелени лешник наполитанки

Подготовка

3 Чекори

1
Чекор

Во еден сад ставаме нутела, маскарпоне, путер, кои треба да бидат на собна температура. Убаво со лажица ги соединуваме, па додаваме шеќер во прав. Соединуваме. Сега ги додаваме мелените лешници, наполитанки, овесни снегулки. Убаво ја изедначуваме цела смеса и ја ставаме во фрижидер да се стегни, околу 30 минути.

2
Чекор

Потоа формираме бомбици. Пак ги оставаме во фрижидер, додека ја подготвуваме глазурата.

3
Чекор

Потоа секоја бомбици ја обложувам со растопено чоколадо и ја декорираме со чоко топче. Нека се стегни чоколадото, па ги сервираме во хартиени кошнички и ги послужуваме.

Совет од готвачот

Празници се ближат..... Предлог за ситни,вкусни колачи, во кои по желба можете да додадете некој зачин, цимет, ванила..

Остави коментар