Бомбици со тиква
Колачи

Бомбици со тиква

Бомбици со тиква се слатки мали залачиња,направени од варена тиква, мелени бисквити и ореви, обвиткани во чоколадни мрвици. Едноставни и вкусни,со топла ароматична мешавина на зачини.

Време
30 мин
Порции
8
Тежина
Лесно
ПосноЕсенЗима
K
Katerina Naskova
10 октомври 202627 рецепти

Состојки

за 8 порции

7
  • 150 грама варена и добро исцедена тиква
  • 1,2 големи лажици шеќер во прав
  • 1 кафена лажица мешавина на зачини за медењаци
  • 115 грама мелени цимет бисквити
  • 100 грама мелени ореви
  • Кора од портокал по желба

за валкање

  • 100 грама чоколадни мрвици за обложување

Подготовка

3 Чекори

1
Чекор

Во сад ја ставаме исцедената тиква и додаваме шеќер во прав.

2
Чекор

Промешуваме, па додаваме зачин за медењаци, мелени ореви и постепено мелени бисквити. Соединуваме.

3
Чекор

Формираме бомбици, кои ги валкаме во чоколадни мрвици.

Остави коментар