Во вангличка се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата. Се мати смесата до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме маслото и киселата павлака. Убаво соединуваме со шпатула или 2,3 секунди со миксер.
Колачи
Колач со цреши
Летни и лесни кексови со цреши, обогатени со кисела павлака која им дава посебна кревкост и сочност. Совршен десерт за топлите денови.
Време
30 мин
Порции
10
Тежина
Средно
Оценка
5.0 (1)
5.0(1)
Лето
K
Katerina Naskova
Сите рецепти10 јуни 202639 рецепти
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 10 порции
- 2 цели јајца
- 4,5 лажици шеќер
- 180 мл масло
- 260 грама кисела павлака
- 1 пакетче ванила
- 300 грама брашно
- 1 пакетче пециво
- 300 грама исчистени свежи цреши
за посипување
- Шеќер во прав по вкус
Подготовка
7 Чекори
1
Чекор2
ЧекорВо еден сад ги ставаме исчистените цреши, брашното и пецивото. Соединуваме. Оваа смеса ја додаваме кај претходните состојки. Соединуваме.
3
ЧекорСмесата ја распоредуваме во калап долгнавест, кој е обложен со хартија за печење.
4
ЧекорПечиме околу 35 минути во загреана рерна.
5
ЧекорГо оставаме колачот на решетка да се излади.
6
ЧекорНаросуваме шеќер во прав.
7
ЧекорСечиме на парчиња и послужуваме.
Совет од готвачот
Забелешка - По желба за посладок десерт, додадете уште 2 лажици шеќер, се во зависност од блажината на црешите.