Колачи

Колач со тиква и брусница

Мек и ароматичен колач со варена тиква и брусница, збогатен со топли зачини како цимет, морско оревче и каранфилче. Совршен избор и варијанта за алтернативни видови брашно.

Време
30 мин
Порции
10
Тежина
Средно
ЕсенЗима
K
Katerina Naskova
19 октомври 202651 рецепти

Состојки

за 10 порции

14
  • 2 цели јајца
  • 70 грама шеќер
  • 1 цело ванила
  • 75 милилитри масло
  • 170 милилитри јогурт
  • 230 грама брашно
  • 1 цело пециво
  • ¼ лажиче сода бикарбона
  • ½ лажиче цимет
  • ½ лажиче морско оревче
  • ½ лажиче мелено каранфилче
  • 200 грама сварена и исцедена тиква
  • Сол по вкус
  • 70 грама брусница

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата и шеќерот. Се мати до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме тиквата и течните состојки. Убаво соединуваме.

2
Чекор

Во сад ги соединуваме брашното, пецивото, содата, зачините и брусницата. Промешуваме. Овие состојки ги додаваме кај течните состојки. Убаво со шпатула ги соединуваме.

3
Чекор

Смесата ја распоредуваме во калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.

4
Чекор

Печиме околу 30 минути во загреана рерна. Сепак проверуваме со чепкалка.

5
Чекор

Колачот го оставаме на решетка убаво да се излади, па го сечиме на парчиња и го сервираме.

Совет од готвачот

Забелешка - За поздрава варијанта на овој кревок и ароматичен колач, половина количина на брашно може да биде хељдино, јачменово, спелтино брашно.

Остави коментар