Во вангличка се ставаат свинската маст, ванилите и шеќерот во прав. Се мати со миксер 2 минути.
Кревки ванилици со свинска маст и кисела павлака
Кревки ванилици со свинска маст и кисела павлака, обликувани со модлички и споени со мармалад. По печењето се валкаат во шеќер во прав.
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 20 порции
- 250 грама несолена свинска маст
- 180 грама кисела павлака
- 2 кесички ванила
- 4,5 супени лажици шеќер во прав
- Сол по вкус
- 1 на врвот на ножот пециво
- 550 грама брашно
- Мармалад по вкус
Подготовка
8 Чекори
Се додава и киселата павлака. Убаво се соединува пак со миксер. Се додава сол, некое зрно, пецивото и брашното. Се замесува средно меко тесто.
Се завиткува во прозирна фолија и се остава во фрижидер да отстои тестото 30 минути.
Потоа тестото се дели на 2,3 топки. Се сучат кори, дебели од 2 до 4мм.
Со помош на модлички се вадат форми. Се редат во ненамастен плех. Излегуваат 2 плеха од оваа доза.
Се печат на 170,180 степени околу 13,14 минути. Треба да останат бели, само нежно на краевите да заруменат.
Малку оставаме да се изладат, ги спојуваме по 2 со мармалад,па ги валкаме во шеќер во прав.
Ги редиме во кутии.
Совет од готвачот
Долго може да стојат на ладно. Колку повеќе стојат, толку се покревки.