Колачи

Крофнички со свежи кајсии

Крофнички со свежи кајсии се мали, вкусни залачиња

Време
30 мин
Порции
6
Тежина
Средно
5.0(1)
Лето
K
Katerina Naskova
10 јуни 202639 рецепти

Состојки

за 6 порции

11
  • 1 цело јајце
  • 120 милилитри млеко
  • 30 грама растопен путер
  • 1,2 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванила
  • 1 лажиче рум, ракија
  • 1 лажиче пециво
  • 270 грама брашно
  • 10 мали свежи кајсии
  • Масло за пржење по потреба
  • Шеќер во прав по потреба

Подготовка

9 Чекори

1
Чекор

Кајсиите ги лупиме и ги сецкаме на мали коцки.

2
Чекор

Во вангличка се ставаат млеко, јајце, путер, шеќерот, ванила, румот. Се промешува и се додаваат кајсиите, пецивото и постепено брашно.

3
Чекор

Се замесува средно меко тесто.

4
Чекор

Се набрашнува работната маса и се сучи кора.

5
Чекор

Со мала чаша се вадат форми и се редат на послужавник врз чиста кујнска крпа.

6
Чекор

Во сад се става масло да се загрее на умерен оган.

7
Чекор

Се пржат од двете страни да заруменат.

8
Чекор

Се редат врз хартиени салфетки.

9
Чекор

Се валкаат во шеќер во прав и се послужуваат.

Остави коментар