Квасецот ставете го во млакото млеко со шеќерот и малку брашно да втаса.
Луди шупливи крофни

Луди шупливи крофни
Шупливи, вкусни крофни направени од квасено тесто со млеко, јајце и лимонска кора. Пржени во зејтин до совршена раздутост и посипани со шеќер, овие крофни се идеален појадок или слатко угощување.
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност. Рецепти.мк не се здобива со права врз неа.
Услови ↗Состојки
- 250 мл млеко
- 100 мл кисела вода
- 50 грама растопен маргарин
- 1 лажиче шеќер
- ¼ лажиче сол
- 0 по вкус кора од непрскан лимон
- 650 грама брашно
- 1 цело јајце
- 1 цело квасец
Подготовка
10 Чекори
Постепено додадете ги течните состојки, па сувите состојки.
Замесете тесто да биде средно меко.
Оставете тестото да кисне 20 минути.
Ставетего тестото на работната маса, посипете со брашно и нежно притиснете со дланките.
Со сукало развлечете кора со дебелина од 6-8 мм.
Со набрашнета чаша вадете форми.
Наредете ги на чиста крпа и нека киснат уште 20 минути.
Спуштаат се во загреан зејтин со умерена температура. Крофните почнуваат сами да растат, но слободно можете да ги попрскате со 1-2 лажици од зејтинот каде се пржат.
Испржени крофни се редат на хартиени салфети и се наросуваат со шеќер во прав.
Совет од готвачот
Совет- не го премесувајте тестото одкога ќе скисни првиот пат, нека останат меурите воздух во тестото. Работете нежно со тестото.