Колачи

Полнети праски

Полнети праски со орео кекс и крем од крем сирење, павлака и лимончело ликер. Летен, вкусен десерт украсен со нане и лимета.

Време
5 мин
Порции
2
Тежина
Лесно
Лето
K
Katerina Naskova
10 јуни 202651 рецепти

Состојки

за 2 порции

10
  • 2 цели праски
  • 4 цели орео кекси со крем
  • Ливчиња нане за декорација
  • Парчиња лимета за декорација

крем

  • 100 грама крем сирење
  • 1 лажиче лимончело ликер
  • Рендана кора од лимета по малку
  • 70 милилитри слатка павлака
  • 1 лажица засладувач
  • Мед по желба и потреба

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Измиените праски ги делиме на половина.

2
Чекор

Ја вадиме семката.

3
Чекор

На тоа место ставаме по едно кругче искршено орео кексче.

4
Чекор

Во еден сад ја матиме слатката павлака, додаваме засладувач, кора од лимета, лимончело ликер, крем сирење.

5
Чекор

Сето кратко го соединуваме.

6
Чекор

Овој крем го ставаме во готварски шприц и нанесуваме врз кексите и ги полниме половинките праски.

7
Чекор

Декорираме со ливчиња нане и парчиња лимета.

Совет од готвачот

Совет- пред да ги полните праските, може со четка половинките да се премачкаат со малку маслиново масло, и да се запечат кратко на грил тава.

Остави коментар