Во вангличка се ставаат јајцата,шеќерот,ванилата и се мати со миксер,смесата до згуснување
Колачи
Превртен колач со свежи црни сливи
Сочен,вкусен,брз за подготовка,сезонски колач
Време
30 мин
Парчиња
16
Тежина
Средно
ЛетоЕсен
K
Katerina Naskova
Сите рецептиПред 10 часа29 рецепти
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 16 парчиња
- 3 парчиња јајце
- 3 големи лажици шеќер
- 80 милилитри сончогледово масло
- 200 милилитри јогурт
- 2 супени лажици гриз
- 1 супена лажица презла
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка пециво
- 5 супени лажици брашно
- 500 грама убави, зрели црни сливи
- 1 кафена лажица цимет
Подготовка
7 Чекори
1
Чекор2
ЧекорПотоа со исклучен миксер се додаваат маслото,јогуртот,соединетите брашно,пециво,гриз ,цимет и презла
3
ЧекорСмесата убаво се соединува
4
ЧекорОкругла или правоаголна тава се обложува со хартија за печење. Врз неа се редат резанки црни сливи.
5
ЧекорВрз наредените сливи се додава претходно подготвената смеса. Убаво се израмнува
6
ЧекорСе печи околу 30 мин на 180 степени
7
ЧекорИспечениот колач се остава малку да се излади,па се превртува на тајнир или послужавник. Се одстранува хартијата за печење. Може да се послужи со сладолед
Совет од готвачот
Може да се подготви и со јаболка