Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата и шеќерот. Се мати смесата убаво да побели.
Колачи
Рустичен, сезонски кревок колач
Рустичен, сезонски кревок колач за попладневно уживање
Време
30 мин
Порции
12
Тежина
Лесно
Оценка
5.0 (1)
5.0(1)
ЛетоЕсен
K
Katerina Naskova
Сите рецепти9 јуни 202639 рецепти
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 12 порции
- 2 цели јајца
- 1 чаша шеќер
- ½ чаша масло
- 1 чаша кисело млеко
- 2 чаши брашно
- 1 пакетче пециво
- 1 пакетче ванила со вкус на портокал
- 1 поголемо праска или нектарина
- 1 голема јаболко
- Шеќер во прав по вкус
Подготовка
9 Чекори
1
Чекор2
ЧекорСо исклучен миксер ги додаваме маслото и киселото млеко, во 2 наврати, со промешување.
3
ЧекорДодаваме брашно и пециво. Соединуваме смесата.
4
ЧекорСмесата ја распоредуваме во калап бр 20, со обрач.
5
ЧекорИзлупеното овошје го сецкаме и го поставуваме на површината на смесата.
6
ЧекорПо желба, со врв на ножот, го притискаме да влезе навнатре.
7
ЧекорГо печеме десертот 45 минути, на 180 степени, да добие убава боја.
8
ЧекорГо оставаме 5 минути во калапот, потоа внимателно го вадиме и го оставаме на решетка да се излади.
9
ЧекорГо посипуваме со шеќер во прав. Сечеме парчиња и сервираме.
Совет од готвачот
Забелешка - како мерка е користена е чаша од 200 мл.