Колачи

Тиквени мафини со јогурт и брусница

Кревки, ароматични мафини со пире од тиква, јогурт и сува брусница.

Време
1 ч
Порции
12
Тежина
Лесно
Есен
K
Katerina Naskova
Пред 1 час48 рецепти

Состојки

за 12 порции

13
  • 2 цели јајца
  • 2 супени лажици шеќер
  • 250 милилитри јогурт
  • 3 полни лажици пире од тиква
  • 1 кесичка ванила
  • 75 милилитри масло
  • 250 грама брашно
  • 1 кесичка пециво
  • ½ лажиче цимет
  • ¼ лажиче морско оревче
  • ¼ лажиче сол
  • 50 грама сува брусница
  • Шеќер во прав по вкус

Подготовка

11 Чекори

1
Чекор

Најпрво ја вариме тиквата, за да има време да се исцеди од течноста и да се излади.

2
Чекор

Во вангличка ги ставаме јајцата, ванилата, шеќерот и матиме додека убаво не побелат.

3
Чекор

Потоа со исклучен миксер ги додаваме маслото и јогуртот.

4
Чекор

Промешуваме со жица.

5
Чекор

Сега сите суви состојки ги соединуваме во еден сад и ги додаваме на претходната смеса.

6
Чекор

Го додаваме и пирето од тиква.

7
Чекор

Ја изедначуваме смесата.

8
Чекор

Ја распоредуваме во 12 калапи за мафини, во кои има ставано алуминиумски кошнички.

9
Чекор

На површината ставаме зрна брусница.

10
Чекор

Печиме околу 25 минути на 180 степени.

11
Чекор

Изладени ги посипуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.

Совет од готвачот

Наместо брусница може да се користи суво грозје.

Остави коментар