Прво пиперките ги печиме и ги оставаме во најлонска кеса да отстојат, за полесно да се излупат.
Ладно предјадење од печени пиперки и урда
Елегантно ладно предјадење со печени пиперки, свеж магдонос и кремаста смеса од урда и кисела павлака, зачинето со лимон, сенф и бибер.
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 1 порција
- 1,2 парчиња црвена пиперка капија
- 1 цело лута пиперка
- 1 супена лажица маслиново масло
- ½ лажиче сол
- ¼ лажиче свежо мелен бибер
- ¼ лажиче сок од лимон
- 1 рака сецкан магдонос
- 2 супени лажици урда
- 1 супена лажица кисела павлака
- ½ лажиче триена сол
- ¼ лажиче сенф
- ¼ лажиче свежо мелен бибер
Подготовка
11 Чекори
На излупените пиперки им го отстрануваме семето и ги оставаме да одстојат во цедалка, со цел да излези секоја капка вода што ја содржат.
Потоа ги ставаме пиперките во чашата на нутрибулет, додаваме маслиново масло, сол, бибер, лимон.
Со кратки пулсирања убаво ја изедначуваме смесата.
Јас сервирав во чаша.
Врз слојот со пиперка обилно нанесуваме сецкан, свеж магдонос,
Во мал сад на страна ги соединуваме урдата, киселата павлака, сол , ако има потреба, бибер, триена сол и сенф.
Изедначуваме.
Овие соединети состојки ги нанесуваме врз слојот со магдонос.
Израмнуваме, на површината посолуваме триена сол, декорираме со ливчиња магдонос, цветче циклама...
задолжително оставаме да отстои во фрижидер барем 30 минути, за да се спојат вкусовите, па сервираме.
Совет од готвачот
Забелешка- може да се подготви поголема количина од ова мезе. На дното на подлабок сад може да се нанеси слојот со пиперки, па сецкан магдонос, па слој со урда...но тоа зависи од вашите потреби.