Ладни Предјадења

Љубовно слатко од пиперки

Пиканто ,слатко луто,идеално да се послужи со сирење,печено месо...

Време
30 мин
Порции
6
Тежина
Лесно
ПосноЗимницаЕсен
K
Katerina Naskova
Пред 14 часа44 рецепти

Состојки

за 6 порции

5
  • 500 грама капија пиперка
  • 500 грама шеќер
  • 120 милилитри вода
  • 70 грама тостиран сусам
  • 2,3 парчиња лути пиперки

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Измијте ги пиперките, исчистете ги од семките и дршките, па исечкајте ги на ситни парчиња или ленти

2
Чекор

Во тенџере ставете ги исечканите пиперки, шеќерот, водата. Варете на тивок оган додека смесата убаво не се соедини и не се згусне како шербет слично на традиционално слатко,одприлика околу 30 минути.

3
Чекор

Пред крај додадете го тостираниот сусам и по желба некоја капка лимон.

4
Чекор

Тргнете го од оган и покријте со влажна крпа.

5
Чекор

Нека се излади и соберете го во 3 мали теглички.

Совет од готвачот

Може да се стави половина количина лути,половина количина благи пиперки,за поинтезивен лут вкус

Остави коментар