Луди шупливи крофни
Пити и теста

Луди шупливи крофни

Шупливи, вкусни крофни идеален појадок или слатко уживање со најмилите.

60 мин
Подготовка: 0 / Готвење: 60
8
порции
Лесно
Тежина
5.0
1 Оценки
K
Katerina Naskova
8 јуни 2026 г.

Состојки

9
  • 250 мл млеко
  • 100 мл кисела вода
  • 50 грама растопен маргарин
  • 1 лажиче шеќер
  • ¼ лажиче сол
  • 0 по вкус кора од непрскан лимон
  • 650 грама брашно
  • 1 цело јајце
  • 1 цело квасец

Подготовка

10 Чекори

1
Чекор

Квасецот ставете го во млакото млеко со шеќерот и малку брашно да втаса.

2
Чекор

Постепено додадете ги течните состојки, па сувите состојки.

3
Чекор

Замесете тесто да биде средно меко.

4
Чекор

Оставете тестото да кисне 20 минути.

5
Чекор

Ставетего тестото на работната маса, посипете со брашно и нежно притиснете со дланките.

6
Чекор

Со сукало развлечете кора со дебелина од 6-8 мм.

7
Чекор

Со набрашнета чаша вадете форми.

8
Чекор

Наредете ги на чиста крпа и нека киснат уште 20 минути.

9
Чекор

Спуштаат се во загреан зејтин со умерена температура. Крофните почнуваат сами да растат, но слободно можете да ги попрскате со 1-2 лажици од зејтинот каде се пржат.

10
Чекор

Испржени крофни се редат на хартиени салфети и се наросуваат со шеќер во прав.

Совет од готвачот

Совет- не го премесувајте тестото одкога ќе скисни првиот пат, нека останат меурите воздух во тестото. Работете нежно со тестото.

Остави коментар