За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Шарена пита".
Чекор 1
Од сите состојки за тестото замесете тесто и оставете го 15-тина минути да одмори. Потоа поделете го на два дела од кој едниот ќе биде поголем, а другиот помал.
Чекор 2
Кисела павлака поделете ја на три дела и ситно сирење исто така поделете го на три дела
Чекор 3
Обарете ја блитвата, исцедете ја, исецкајте ја ситно, посолете и додадете 1 јајце, 1/3 од сирењето и 1/3 од павлаката.
Чекор 4
Во друг сад изрендајте ја шунката, додадете 1 јајце, 1/3 од сирењето и 1/3 од павлаката.
Чекор 5
И во трет сад измешајте ги преостанатите павлака, сирење и 1 јајце.
Чекор 6
Поголемиот дел од тестото развлечете го со големина на тавата во која ќе ја печете питата така да излегува надвор од тавата.
Чекор 7
На тесто ставете го првиот дел од филот од блитва и сирење, павлака и јајце. Потоа ставете го вториот фил и на крај нанесете го и третиот фил.
Чекор 8
Потоа тестото кое излегува надвор од рабовите на тавата исечете го, а тестото кое е до рабовите превиткајте го преку филот (околу 2 см тесто).
Чекор 9
Вториот дел од тестото исто развлечете го и иечете го на ленти. Лентите наредете ги на филот.
Чекор 10
Оставете јас питата да отстои околу 15 минути, премачкајте ја со изматена жолчка и посипете со сусам.
Чекор 11
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 35 минути.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Пити и теста
Вкупно време
Околу 60 минути
Начин на сервирање
5 парчиња
Комплексност
Средно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
11 состојки
Состојки
за тестото
за филот
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.