Пити и теста

Слатка погача со тиква

Мека и ароматична слатка погача со сварена тиква, цимет и зачини за медењаци. Плетенчињата и сусамот ѝ даваат убав изглед и привлечна завршница.

Време
1 ч
Порции
8
Тежина
Средно
ЕсенЗима
K
Katerina Naskova
Пред 50 минути47 рецепти

Состојки

за 8 порции

17
  • 30 грама свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче брашно
  • 180 милилитри топло млеко
  • 1 кесичка ванила
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче мешавина на зачини за медењаци
  • 2 супени лажици шеќер
  • 130 грама сварена и исцедена тиква
  • 1 на врвот на ножот пециво
  • 1 зрно сол
  • 1 цело јајце
  • 450 грама брашно
  • 50 грама путер
  • Брашно по вкус

за премачкување

  • 1 цело јајце
  • 1 лажиче млеко

Подготовка

4 Чекори

1
Чекор

Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и брашното. Промешуваме и оставаме да се активира.

2
Чекор

Во вангличка се ставаат пециво, сол, зачини, ванила, јајце и квасец. Се промешува со вилушка. Се додава тиквата и постепено од брашното. Се замесува средно меко тесто и постепено се додава растопениот путер. Се меси додека не се добие мазно тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.

3
Чекор

Потоа се дели на 10 топчиња. 9 топчиња се ставаат во круг, во тава бр 26, обложена со хартија, а 10-то топче се дели на 2 дела. Од половината се прави засечена кифличка и се става во средината. Од останатото топче се сучи тенка коричка. Се дели со алатка на 24 тенки ленти. Се формираат 9 плетенчиња. Врз нив со цедалка се посипува брашно. Погачата се премачкува со јајцето со млеко.

4
Чекор

Се редат плетенчињата. Во средината се става сусам. Ми остана малку тесто и ставив по едно мало топче. Се остава на топло 30 минути и се пече во загреана рерна околу 35 минути. Испечена се вади на решетка да се излади, па се послужува со кафе, чај. Ароматична и многу мека погача е. Пробајте.

Остави коментар