Во сад ги соединуваме сечканите компири, морков, јајца, магдонос, праз, марула, чили. Промешуваме.
Салати
Есенска салата
Есенска салата со сварени компири, морков, јајца, магдонос и марула, соединети со кисела павлака и мајонез, украсена со рендано бело сирење и крцкава запржена сланина.
Време
30 мин
Порции
2
Тежина
Лесно
Есен
K
Katerina Naskova
Сите рецептиПред 6 часа33 рецепти
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 2 порции
- 3 цели помали сварени компири
- 1 цело сварен морков
- 2 цели варени јајца
- ⅓ страка праз
- 2 цели чили пиперчиња
- 1 рака сецкан магдонос
- 1 лист свежа марула, ситно сецкана
- 1 кафена лажица сенф
- 200 грама кисела павлака
- 1 кесичка мајонез
- 50 грама бело сирење
- 50 грама чадена сланина
- Сол по вкус
- Бибер по вкус
- Куркума по вкус
Подготовка
6 Чекори
1
Чекор2
ЧекорДодаваме сенф, киселата павлака, мајонез, сол, бибер, куркума. Соединуваме убаво.
3
ЧекорАко ви се чини сува салатата додадете и 2 лажици јогурт.
4
ЧекорСервираме во длабок сад. На површината го рендаме белото сирење.
5
ЧекорСланината ја сецкаме на коцки и ја запржуваме да пушти арома и да биде крцкава.
6
ЧекорЈа нанесуваме сланината врз сирењето и дегустираме.