Лесна салата со тиквички
Салати

Лесна салата со тиквички

Лесна и свежа салата со пропржени тиквички во кремаст сос од кисела павлака и крем сирење, украсена со магдонос и копар.

30 мин
Подготовка: 0 / Готвење: 30
4
порции
Лесно
Тежина
Нема оценки
Нема оценки
K
Katerina Naskova
Пред 9 часа

Состојки

9
  • 1 средна тиквичка
  • 0 по вкус сол
  • 0 по малку масло
  • 250 грама кисела павлака
  • 100 грама крем сирење
  • 1 полна рака магдонос
  • 1 парче млад сечкан лук
  • 0 по вкус свеж, сецкан копар
  • 0 по вкус бибер

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Измиената тиквичка ја сечкаме на тенки ленти.

2
Чекор

Ги пропржуваме во тава во која додаваме 2-3 капки масло, додека не добијат жолтеникава боја.

3
Чекор

По желба посолуваме.

4
Чекор

Во еден сад ги соединуваме киселата павлака, крем сирењето, младото лукче и зачините.

5
Чекор

Кремот кој ќе го добиеме го ставаме во сад за послужување.

6
Чекор

Одозгора ги ставаме лентите тиквички кои претходно ги виткаме во ролнички.

7
Чекор

Декорираме со малку бибер и магдонос.

Остави коментар