Салати

Салата со печени црвени пиперки и сирење

Освежувачка салата од печени црвени пиперки и сирење, збогатена со маслиново масло и кисело млеко.

Време
30 мин
Порции
2
Тежина
Лесно
ЛетоЕсен
K
Katerina Naskova
10 јуни 202639 рецепти

Состојки

за 2 порции

10
  • 4,5 парчиња печени црвени пиперки
  • 200 грама сирење
  • 2 лажици исцедено кисело млеко
  • 1 лажиче мајонез
  • 2 полни лажици маслиново масло
  • Бибер по вкус
  • Лукче по желба
  • Магдонос по желба
  • Власец по желба
  • Толчени ореви по желба

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Во сад го ставаме белото сирење и го дробиме со вилушка.

2
Чекор

Испечените пиперки ги лупиме и ги сецкаме ситно.

3
Чекор

Ги додаваме сецканите пиперки кај сирењето.

4
Чекор

Додаваме маслиново масло, мајонез и исцедено кисело млеко.

5
Чекор

Убаво соединуваме сите состојки.

6
Чекор

Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите, околу 30 минути.

7
Чекор

Сервираме.

Остави коментар