Сосови

Лут сос за паста

Лут сос за паста направен од свежи домати, капија пиперки и чили пиперчиња. Совршен за сварени тестенини или како основа за пица, со богат и интензивен вкус.

Време
1 ч
Порции
2
Тежина
Лесно
Посно
K
Katerina Naskova
Пред 4 часа38 рецепти

Состојки

за 2 порции

9
  • 2 цели печени капија пиперки
  • 400 грама црвени домати
  • 3 цели чили пиперчиња
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 голема лажица маслиново масло
  • Бибер по желба
  • Магдонос по желба
  • Босилек по желба

Подготовка

6 Чекори

1
Чекор

Измиените домати ги лупиме и ги сецкаме на коцки. На измиените пиперки им го одстрануваме семето и нив ги сецкаме на коцки. Вака подготвени ги ставаме во тенџере.

2
Чекор

Додаваме сецкани чили пиперчиња, шеќер, сол, бибер. Оставаме на тивок оган да се крчка. Повремено промешуваме.

3
Чекор

После отприлика 30 минути варење, ги поминуваме со стапчест миксер.

4
Чекор

Го додаваме маслото и оставаме да се крчка уште отприлика 30 минути. Треба да биде убаво згуснат сосот.

5
Чекор

По желба, го поминуваме и низ цедалка, со цел да ги отстранам семките од доматите.

6
Чекор

Сервираме со сварена паста и сирење.

Остави коментар