Семките од тиква кратко и внимателно ги запекуваме во тефлонска тава.
Сосови
Намаз од семки од тиква
Намаз од семки од тиква со путер и крем сирење, обогатен со масло, оцет и свежи зачини. Кремаста, идеална за послужување со препечено лепче.
Време
30 мин
Порции
5
Тежина
Лесно
K
Katerina Naskova
Сите рецептиПред 10 часа35 рецепти
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 5 порции
- 80 грама семки од тиква
- 80 грама путер
- 100 грама крем сирење
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка бибер
- 2 лажици масло од семки од грозје
- 1 чешне лук
- 1 лажица кисела павлака
- 1 лажичка оцет
- Ситно сецкан власец или босилек по вкус
Подготовка
8 Чекори
1
Чекор2
ЧекорПоловина од количината семки ситно ја мелиме, а половина покрупно.
3
ЧекорВо еден сад со миксер ги соединуваме путерот и крем сирењето.
4
ЧекорПо потреба додаваме сол и бибер.
5
ЧекорДодаваме ситно сецкан власец, масло, оцет, истолчено лукче, кисела павлака и семките.
6
ЧекорСоединуваме. По желба додаваме зачини по сопствен вкус, триена сол, кари.
7
ЧекорОставаме во фрижидер на 30 минути, за да се спојат вкусовите.
8
ЧекорПослужуваме со препечено лепче.