Топли Предјадења

Егзотични, поховани смокви

Егзотични поховани смокви со двоен слој од јајце и мешавина од кокос, презла, мелени ореви и сусам, пржени до златна боја. Необично и превкусно предјадење со комбинација од слатко и крцкаво.

Време
30 мин
Порции
2
Тежина
Лесно
ЛетоЕсен
K
Katerina Naskova
Пред 15 часа44 рецепти

Состојки

за 2 порции

10
  • 4 цели свежи смокви
  • 1 цело јајце
  • Сончогледово масло за пржење по потреба

За обложување

  • 2,3 големи лажици брашно
  • 2 големи лажици кокос
  • 2 големи лажици презла или мелени бисквити
  • 2 големи лажици мелени ореви
  • 2 големи лажици сусам
  • Цимет по вкус
  • Морско оревче по вкус

Подготовка

8 Чекори

1
Чекор

Прво на смоквите им ги отстрануваме дршките. Ги миеме. Но не ги просушуваме, со цел подобро да се обложат со брашното.

2
Чекор

Ги валкаме во изматено јајце, во кое може да се додаде и ванила.

3
Чекор

Во сад ги соединуваме сите состојки за обложување: кокос, презла или мелени бисквити, мелени ореви, сусам, цимет и морско оревче.

4
Чекор

Убаво секоја смоква ја обложуваме со смесата.

5
Чекор

Постапката ја повторуваме, сега прво во јајце, па во смесата за обложување.

6
Чекор

Во тесен сад загреваме масло на многу тивок оган.

7
Чекор

Внимателно ги пржиме благо да заруменат.

8
Чекор

Ги редиме на хартиени салфетки, па ги сервираме.

Остави коментар