Во топлото млеко се ставаат квасец,лажиче брашно,лажиче шеќер и се остава да се активира.

Корнет кифли
Солени кифлички,кои можат да се полнат со урнебес,руска или пилешка салата...
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
- 300 милилитри млеко
- 25 грама квасец
- 100 милилитри сончогледово масло
- 1 кафена лажица шеќер
- 1 кафена лажица сол
- 30 грама путер
- 1 супена лажица сусам
За тестото
- 1 парче јајце
За премачкување
- 1 парче јајце
Подготовка
8 Чекори
Потоа во вангличка се соединуваат активираниот квасец и останатите состојки. Се замесува средно меко тесто.
Се покрива со фолија и се остава да се дуплира.
Од втасаното тесто се сучи голема правоаголна кора. Се сечи на ленти.
Секоја лента се нанесува врз метален конусен калап,при тоа по малку треба да се поклопуваат на секој нов ред.
Се редат во тава,се премачкуваат со изматено јајце,се става сусам и мала коцка путер.
Киснат 20 минути. Се печат во загреана релна да заруменат.
Испечени се оставаат на решетка да се изладат. Потоа внимателно се вадат металните конуси и се полнат со фил по желба. Или доволно е да се стави парче кашкавал ,чајна...изборот е ваш
Совет од готвачот
Ќе ја украсат вашата трпеза со убавиот изглед и убав вкус