Топли Предјадења

Крофни од тиквичка

Брза и вкусно јадење од рендана тиквичка. Комбинирана со сиренце и луто пиперче, може да биде и комплетен оброк.

Време
20 мин
Порции
4
Тежина
Лесно
Лето
K
Katerina Naskova
11 јуни 202651 рецепти

Состојки

за 4 порции

13
  • 1 парче средна тиквичка
  • 1 парче јајце
  • 1 пакетче пециво
  • 5,5 лажици брашно
  • ½ лажиче ракија
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • Зачин по вкус
  • Магдонос по вкус
  • Сусам по вкус
  • Палента по вкус
  • Семе од коприва по вкус
  • 250 милилитри масло за пржење

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Ренда тиквето на крупната страна од рендето. Не се цеди од водата.

2
Чекор

Се додаваат јајцето, брашното, пецивото, ракијата и зачини по ваш избор.

3
Чекор

Убаво се промешува смесата да се соедини.

4
Чекор

Се става маслото да се загрее и со лажичка се ставаат крофнички да се пржат по на тивко.

5
Чекор

Кога ќе заруменат од 2 страни се редат на хартија да ја впие маснотијата.

Остави коментар