Топли Предјадења

Пакетчиња од тиквичка и моцарела

Вкусно и декоративно топло предјадење од танки ленти тиквичка и моцарела, обложено во брашно, јајце и презла со сусам, па пржено до заруменување.

Време
30 мин
Порции
4
Тежина
Средно
Лето
K
Katerina Naskova
Пред 1 ден42 рецепти

Состојки

за 4 порции

11
  • 1 цело средна тиквичка
  • 125 грама моцарела
  • Сол по вкус
  • Мешавина на зачини, оригано, копар, ким, кумин, јенибар по вкус
  • Оригано по вкус
  • Оригано или мајчина душичка по вкус
  • Масло за пржење по потреба

За поховање

  • 2 цели јајца
  • Брашно по потреба

Презла и сусам

  • Презла по потреба
  • Сусам по потреба

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Измиената тиквичка со помош на алатка ја сечиме на многу танки ленти. Ги редиме врз хартиени салфетки. Ќе добиеме од 10 до 12 ленти, значи за 5 или 6 пакетчиња. Моцарелата ја сечиме на 5 или 6 парчиња.

2
Чекор

Земаме 2 ленти тиквичка. Ги поставуваме вкрстени. Во средината ставаме парче моцарела и зачини по вкус. Формираме пакетче со преклопување на лентите. Ги прицврстуваме со чепкалки да не се отворат. Вака подготвени нека отстојат 5 минути врз хартиени салфетки.

3
Чекор

Прво ги обложуваме пакетчињата во брашно, па во јајце и соединети презла и сусам.

4
Чекор

Ги пржиме на умерен оган од двете страни да заруменат. Ги редиме на хартиени салфетки.

5
Чекор

Сервираме вкусно, топло предјадење.

Остави коментар