Топли Предјадења

Похован црн домат со сусам и презла

Едноставна и вкусна закуска од похован црн домат обложен во брашно, јајце, сусам и презла. Пржени до златна боја, совршени за сервирање со сиренце и аперитив.

Време
30 мин
Порции
4
Тежина
Лесно
Лето
K
Katerina Naskova
Пред 2 часа32 рецепти

Состојки

за 4 порции

7
  • 1 цело танок црн домат
  • 2 цели јајца
  • 100 грама брашно
  • 100 грама сусам
  • 70 грама презла
  • Масло за пржење
  • Сол по вкус

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Лупи го црниот домат и сечи го на еднакви кругови.

2
Чекор

Во една чиста најлонска кеса стави го брашното, па круговите црн домат и протресај ја кесата.

3
Чекор

Парчињата црн домат ќе се налепуваат со брашното.

4
Чекор

Секое парче валкај го во изматено јајце со сол.

5
Чекор

На крај валкај ги во измешани сусам и презла.

6
Чекор

Пржи ги да заруменат и редај ги на хартиени салфети.

7
Чекор

Сервирај по желба.

Остави коментар