Топли Предјадења

Прженици со полнење од праз, сирење, јајце

Крцкави прженици со меко тесто и полнење од праз, сирење и јајце. Мајонезот во тестото им дава мека, воздушеста текстура.

Време
1 ч
Порции
6
Тежина
Средно
K
Katerina Naskova
Пред 14 часа42 рецепти

Состојки

за 6 порции

16
  • 1 парче свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче брашно
  • 200 милилитри топло млеко
  • 200 милилитри топла вода
  • 1 супена лажица мајонез
  • 1 цело јајце
  • 1 лажиче сол
  • 700 грама брашно
  • 1 супена лажица масло за работна маса, за оформување

фил

  • 2 страка праз
  • 1 цело јајце
  • 100 грама сирење
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • Масло за пржење на празот по вкус

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.

2
Чекор

Во вангличка се ставаат активираниот квасец, сол, мајонез, јајце. Со вилушка убаво се соединуваат сите состојки. Се додава постепено брашно и се замесува средно меко тесто. Се покрива и се остава да се дуплира.

3
Чекор

Потоа се дели на 16 или 18 топчиња на малку намастена работна маса. Се покриваат со фолија. Се зема првото топче и се расукува во мало правоаголна кориче. Прво со прстите, па потоа со сукало.

4
Чекор

Се става полна лажица фил. Краевите се прибираат навнатре, да не истечи филот. Се витка како ролатче. Спојот се притиска со прстите, да не се отворат при пржењето.

5
Чекор

Се пржат на умерен оган (од 1 до 9, пржев на 6). Ги превртуваме од сите страни да заруменат. Се редат на хартиени салфетки. Се послужуваат топли со чаша јогурт.

Совет од готвачот

Забелешка: За филот, на загреано масло го испржив ситно сецканиот праз, зачинив. Од кога се излади додадов дробено бело сирење и јајце.

Остави коментар