Топли Предјадења

Солен ролат од гауда

Солен ролат од гауда е елегантно предјадење направено од топена гауда, бланширан спанаќ и пикантен фил од варени јајца, морков и грашок.

Време
30 мин
Порции
6
Тежина
Средно
K
Katerina Naskova
Пред 1 час35 рецепти

Состојки

за 6 порции

9
  • 9 парчиња листови гауда

За фил

  • 2 цели варени јајца
  • 100 грама крем сирење
  • 1 рака грашок
  • 1 среден сварен морков
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • Сенф по вкус
  • Бланширани листови од спанаќ по потреба

Подготовка

8 Чекори

1
Чекор

Во плехот од рерната ставаме хартија за печење. Ставаме листови гауда така да се преклопуваат.

2
Чекор

Ја вклучуваме рерната да се загрее.

3
Чекор

Ги бланшираме листовите спанаќ и ги процедуваме/просушуваме.

4
Чекор

Во еден сад ставаме варено јајце, сечкан морков, зачини, грашок и промешуваме и го ставаме садот во фрижидер на 10 минути.

5
Чекор

Плехот со гаудата го ставаме во загреаната рерна на кратко 4-5 минути додека почне да се топи гаудата.

6
Чекор

Вадиме од рерна и врз гаудата ставаме бланширан спанаќ, го ставаме филот и убаво го распоредуваме.

7
Чекор

Веднаш го виткаме во ролна, го ставаме на алу фолија и го виткаме како бомбона и го ставаме во фрижидер околу 2 часа.

8
Чекор

Го сечеме на тенки парчиња и сервираме.

Остави коментар