Топли Предјадења

Традиционална, Македонска, летна манџа

Традиционална македонска летна манџа од пиперки, домати и биено сирење .Јадење со интензивен вкус, со топло лепче, совршено за летни денови.

Време
30 мин
Порции
2
Тежина
Лесно
Лето
K
Katerina Naskova
10 јуни 202639 рецепти

Состојки

за 2 порции

5
  • 5 парчиња зелени, поголеми пиперки
  • 2 парчиња лути пиперки
  • 2 парчиња црвени домати
  • 125 грама биено сирење
  • Масло за пржење по вкус

Подготовка

6 Чекори

1
Чекор

Измиените благи и лути пиперки ги сецкаме ситно. Во тава ставаме масло и пиперките.

2
Чекор

Пржиме со повремено промешување додека не заруменат.

3
Чекор

Го намалуваме огнот и ги додаваме излупените и исецкани црвени домати.

4
Чекор

Готвиме на тивко, да испари течноста што ја пуштаат доматите.

5
Чекор

Пред крај го додаваме сецканото, биено сирење.

6
Чекор

Готвиме уште 2-3 минути, сирењето да омекни, да се опушти.

Остави коментар