Домашен тиквешки пинџур
Зимници

Домашен тиквешки пинџур

Домашен тиквешки пинџур е традиционален ,направен од печени пиперки,црн фомат,црвени домати и лук.

30 мин
Подготовка: 0 / Готвење: 30
4
порции
Средно
Тежина
5.0
1 Оценки
K
Katerina Naskova
Пред 11 часа

Состојки

7
  • 1 килограм зелени пиперки
  • 2 цели модри домати
  • 3 цели лути пиперки
  • 500 грама црвени домати
  • 1 мала главица лук
  • 125 милилитри масло
  • 1 лажица сол

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Се печат зелени пиперки, црни домати и лути пиперчиња.

2
Чекор

Се лупат, се кинат на парчиња и се толчат во дрвена лучница.

3
Чекор

Се земаат црвени домати, се лупат, се сецкаат и се ставаат на оган да се направат во сос.

4
Чекор

Се чисти една главица лук, се толчи во чиста лучница, се додава сол и капка по капка се додава масло со постојано вртење на лукот.

5
Чекор

На таков начин треба да се добие смеса слична на мајонез.

6
Чекор

Во лукот се додаваат претходно истолчените пиперки, црни домати и сосот од црвени домати.

7
Чекор

Сето убаво се меша и се служи во земјено тавче.

Остави коментар