Вишните се мијат, па им се отстрануваат семките.

Домашно слатко од вишни марелици
Домашно слатко од вишни марелици, едноставно за спремање и вкусно. Вишните се варат со шеќер и лимонтус, останувајќи цели, создавајќи миризливо слатко погодно за зимница.
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
- 1 килограм вишни марелици
- 950 грама шеќер
- 0 прстофат лимонтус
Подготовка
11 Чекори
Се ставаат вишните во тенџере во кое ќе се вари слаткото.
Преку вишните се става шеќерот, кој може да варира со 100 гр, се во зависност од тоа колку се благи вишните. Се става и прстофат лимонтус, за да не се распаѓаат при варењето.
Се остава во фрижидер преку ноќ, вишните да го пуштат својот сок.
Другиот ден, утрото се ставаат на шпорет и се вари слаткото.
Тенџерето благо се протресува со рацете, лево, десно, не се меша, со цел вишните да останат цели.
Во текот на варењето, се отпенува слаткото, со помош на чиста лажица.
Се вари од 25-30 минути.
Готовото слатко се трга од шпорет и се покрива со чиста наводенета кујнска крпа.
Нека стои така се додека потоплно не се олади.
Потоа се збира во чисти тегли и правец на рафт со зимница.
Совет од готвачот
Забелешка-Марелиците се хибрид меѓу цреша и вишна. По надворешниот изглед на стеблото марелиците личат на цреши, а по плодот на вишна. Постои мал број сорти марелици, а кај нас најпозната е автохтоната сорта по потекло од Битола, позната како Битолска марелица.