Црвените домати се лупат и се сечат на парчиња. Се става тенџерето на оган и се прави сос. По потреба поминете ги доматите со стапчест миксер за да добиете мазна смеса.
Зимници
Лутеница со цепени пиперки
Лутеница со цепени пиперки е традиционална зимница направена од црвена пиперка капија, домати и лути пиперки, печена и варена со оцет, шеќер и масло. Ароматична и пикантна, совршена за конзервирање и долготрајно чување.
Време
2 ч 30 мин
Порции
30
Тежина
Средно
ПосноЗимницаЕсен
K
Katerina Naskova
Сите рецептиПред 16 часа37 рецепти
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 30 порции
- 7 килограми црвена пиперка капија
- 5 килограми црвени домати
- 1 килограм лути пиперки
- 1 чаша шеќер
- ¾ чаша оцет
- 1,5 чаши масло
- Сол по вкус
- Бибер по вкус
- Магдонос по вкус
Подготовка
6 Чекори
1
Чекор2
ЧекорПиперките се печат, се лупат, и се цепкаат на долги парчиња. Нека отстојат во цедалка 2-3 часа за да се исцедат.
3
ЧекорВо згуснатиот сос од домати се додаваат цепените пиперки и се меша на оган 30 минути.
4
ЧекорСе додаваат оцетот, шеќерот, маслото и солта и се крчка уште околу 1 час.
5
ЧекорПред крај се додаваат зрна бибер и сецкан магдонос.
6
ЧекорВрелата лутеница се збира во жешки тегли.
Совет од готвачот
Напомена – чашата е од 250 мл.