Зимници

Слатко од дуњи

Традиционално слатко,кое ги буди спомените од детството

Време
1 ч
Порции
30
Тежина
Средно
ПосноЗимницаЕсен
K
Katerina Naskova
Пред 12 часа47 рецепти

Состојки

за 30 порции

5
  • 2,5 килограми Зрели дуњи
  • 750 милилитри вода
  • 2 килограми шеќер
  • 1 парче лимон
  • 2,3 грама винобран

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Прво дуњите ги миеме,ги одстрануваме нечистотии и ги рендаме на крупната страна на рендето.

2
Чекор

Во длабок сад ставаме вода,околу 2,3 литра и го додаваме винобранот. Промешуваме. Одма како рендаме една по една дуња ги додаваме во длабокиот сад,се со цел дуњите да не потемнат.

3
Чекор

Во пошироко тенџере ги ставаме водата и шеќерот да почнат на умерен оган да вријаат

4
Чекор

Сега во цедалка ги префрламе дуњите од водата со винобран и оставаме убаво да се исцедат.По потреба со лажица ги притискаме одозгора,за да излезе целата вода.

5
Чекор

Исцедените дуњи ги ставаме во шербетот кој веќе почнал да врие. Вариме околу 30 минути и пред крај додаваме 3,4 кругови измиен лимон

6
Чекор

Сепак на тајнирче го проверуваме слаткото дали е готово,неговата густина.

7
Чекор

Го тргаме тенџерето од оган и го покриваме со чиста,влажна крпа. Оставаме потполно да се излади,па го собираме во чисти тегли.

Совет од готвачот

Магијата за ваква златна боја е во тие само 2,3 грама винобран. Јас секоја година го подготвувам за моја душа и секогаш сум презадоволна. Целта ми е да ги испровоцирам младите домаќинки да го подготват слатково, и да ги разбудат спомените на детсвото

Остави коментар