Слатко од зелени смокви
Зимници

Слатко од зелени смокви

Слатко од зелени смокви е традиционално домашно слатко создавајќи вкусно и ароматично уживање.

Време
1 ч 30 мин
Порции
10
Тежина
Средно
5.0(1)
ПосноЗимницаЛето
K
Katerina Naskova
9 јуни 202628 рецепти

Состојки

за 10 порции

4
  • 2 килограми Мали зелени смокви
  • 6 килограми шеќер
  • 1 цело лимон
  • 800 милилитри вода за шербет

Подготовка

10 Чекори

1
Чекор

Смоквите се чистат од дршките, потоа на неколку места се боцкаат со вилушка или игла.

2
Чекор

Се ставаат во тенџере, се налеваат со вода и се ставаат на загреана рингла да провријаат по еден клуч.

3
Чекор

Се истура водата во која вриеле, се налева нова вода и пак провриваат.

4
Чекор

Оваа постапка се повторува 9 пати.

5
Чекор

Во друго тенџере се става шеќерот заедно со водата да се соединат.

6
Чекор

Кога ќе почни да врие шербетот се додаваат исцедените смокви.

7
Чекор

Слаткото се вари до саканата густина, односно околу 30-45 минути.

8
Чекор

На крај се додаваат кругови лимон.

9
Чекор

Се покрива тенџерето со влажна крпа и така стои 12 часа.

10
Чекор

Слаткото се збира во чисти тегли.

Совет од готвачот

Ви треба многу време за подготовка,но се исплати секоја потрошена минута

Остави коментар